ја (зам.) - нареди (гл.)

А можеби за некого и траела толку! Само три години! Кој како ќе си ја нареди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Лесно ќе ја наредиме работава!“ - ја смируваше тетка Стана.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ако не побараш, сам ако не си ја наредиш работата, ќе трпиш. Што велиш, Митре?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Затоа, кога дознав, тоа беше набрзо по последната Голема војна, во времето на колективизацијата што ја наредија властите од сета Македонија, дека тамошната задруга, Лазарополската, му ги одзела овците на Рафаила и забранила тие да доаѓаат на зимување во Петочна Вода, многу го ожалија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Главно ти си ја наредил таа работа, ама и јас ќе гледам дниве да сторам нешто“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)