ја (зам.) - обвинува (гл.)

Сиромашката бугарска влада се најде во небрано лозје во македонското прашање: Македонците ја изиграа и ја употребуваа како средство за своите цели, а европејците ја обвинуваа за итрини од коишто таа сиромашката беше далеку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеме ли ние по тоа да ја обвинуваме Русија во неискреност и поддупување? Зошто тогаш да ѝ се лутиме на Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Според Саркањац ова е една од „базичните грешки“ на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до вината на идеологијата, според него, „само таму каде што акцијата може (недвосмислено) да се определи како идеолошка можеме да зборуваме за идеолошка принуда и за последиците на идеолошката акција да ја обвинуваме идеологијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
(Три примери од ликовните уметности: “класичниот” лавиринт од доцната ренесанса; дрвениот свод во Palazzo Ducale во Мантова; деформираниот крстовиден лавиринт на Лелио Орси, и /современиот/ на Фабрицио Клерици, “Минотаур јавно ја обвинува својата мајка”.)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
* Ја обвинуваш машината за пишување за твоето непишување.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Нерасонето, мижејќи, утврдуваш дека главата ти е сѐ уште на место, и разочарано, пцосто ја обвинуваш смртта за нејзината загрижувачка неагилност.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ја обвинувам, реков тогаш во себе. Неправедно ја обвинувам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)