ја (зам.) - обзема (гл.)

Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Гледајќи во небото, дишејќи длабоко полека ги затвори очите и само ја чувствуваше во себе убавината на чувството кое ѝ се разлеваше низ телото и целосно ја обземаше секоја нејзина пора, продирајќи до сржта на целото нејзино битие. Чувството на љубовта и нејзиниот бескрај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не ја натераа на тоа познатите драматични настани, туку некое необично чувство што ја обземаше додека лежеше на своето легло од сено, во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога порасна нашата Сталинка и стана зрела коза, одвреме-навреме ја обземаше некаков чуден немир.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)