ја (зам.) - одмине (гл.)

Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Огнот да го разгориме. - Да гори - да не би да ја одмине домаша наша момчето со огнено име и со длабоки очи - во кои се загледала Ѕвезда наша - и во нив пропаднала - небаре длабок вир...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И мисли дали наредното ѓуле ќе ја одмине или ќе ја погоди и дали ќе почувствува болка или веднаш ќе ја разнесе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури, при една неочекувана средба, на Елена ѝ се стори дека Марија сака да ја одмине. Да не се поздрави. На улица. Зарем нешто ѝ се замерила?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја одминав црквата и се упатив кон постројките на „Халите“, во кои имаше ретки минувачи, а речиси сѐ беше на затворање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Грчките војници ја одминаа нашата куќа, без да постават митралез на чатијата, како и италијанските војници, но и без да ни ја окупираат куќата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ми доаѓај, мила мајчице, не ми доаѓај под сртовите пелистерски - Може токму тогаш да намине и да ја одмине домата наша...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не ѝ било јасно што ѝ е на мечката, но решила да го продолжи патот и некако без да ја гиба, да ја одмине.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)