ја (зам.) - олеснува (гл.)

Планините го отежнуваат соединувањето на сите Македонци за заедничка борба со непријателот, а пак им ја олеснуваат работата на Византијците, зашто со разместувањето гарнизони во нив тие можат да ги држат Македонците во послушност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше била таа една чиниш човечка, чиниш женска молба, тоа му ја олеснувало положбата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А нему таа нејзина приврзаност кон него и сочувствување со неговата трагедија, му ја олеснуваше болката, му даваше утеха на разнебитената душа. Ѝ се радуваше кога ноќе ја сонуваше и кога во сонот господ му го враќаше видот и ја гледаше како што ја гледаше пред да ослепи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Работев на документирање на Долнец и на браната уште на почетокот од изградбата, кога се ставија првите лопати бетон, и тоа ми ја олеснуваше работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)