ја (зам.) - ослепи (гл.)

Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
„Сум чул, за тој вашиот цар Самоил, вистина ли Византиецот му ја ослепел војската и му ја пратил таква пред тронот?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)