ја (зам.) - отсече (гл.)

Му ја отсеков главата и му ја однесов на Беадин-паша во Солун.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дојде санитетот и му ја отсекоа ногата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Револуцијата, според него, ја упропасти Франција залудно трошејќи ги националните вредности во име на еден божем правилен поим за нацијата: „Оној ден кога му ја отсече главата на својот крал, Франција изврши самоубиство“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)