ја (зам.) - пали (гл.)

Пак бараат книга, пак ја палат и таа пак изгорува без да ги потпали дрвата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Залепени за куќите, бројните бездомници сѐ уште спијат, некои се измолкнуваат од своите крпи и ја палат својата прва утринска цигара.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имам и еден раководител на машината, мешлест човек, кој наутро ја пали, а навечер ја гаси. Другото време, со гол стомак, лежи под сенката на сливата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исто така, додека ја палеше цигарата, ги доближи дланките и со нив го заштити пламенот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
(Соба. Дара, станата веќе од кревет, ја пали ламбата. Надвор се слуша пукање).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Ја заклучува со катанец, ја пали со прекинувач за ноќна ламба.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Чкрапна Оливера со кибритот: ми ја пали мене цигарата, си ја пали и својата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
9 „...Leadlik ner shel Hanukkah“ – буквално: „да го палиме светлото за Ханука”; полниот исказ на благословот гласи: „Благословен си Ти, ХаШем Боже наш, Кралу на вселената Кој нè посвети со Своите заповеди и ни заповеда да ја палиме светлината за Ханука”
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А вие, гледам, навистина ќе му ја палите облеката на оној горе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му ја зеде пушката на заспаниов Борис Калпак и ја напика в слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утредента, кога се подготвував да тргнам на училиште, ѝ пријдов на мајка ми додека ја палеше „првата цигара крај шолјичката со првото кафе“ (како што има обичај да рече) и истовремено си ги шминкаше очите, и ја прашав отсечно и строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Иако во собата се таложат сенки и шумови на дожд, шепот од кој слепоочниците прскаат, не ја палам светилката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ЛУКОВ: (Ја пали цигарата.) А јас пушам премногу. (Седнува во фотелјата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Секоја цигара со ново чкорче ја палат. Огнот е пред нив, а не земаат жарче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)