ја (зам.) - пасе (гл.)

4. ТРЕВАТА ЈА ПАСАТ, КОРЕЊАТА СИ СТОЈАТ - затоа и веруваме сѐ во идната пролет: белки врз некој корен ќе израсте билка, која за стоката трње, за луѓето цвеќе ќе е в поле...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Долга и широка беше таа историја со Лисиче, што ја кажуваа старците на своите внуци и правнуци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Полчивци и Дунчани се караа за синорот Раково и Рамништето и сто години цели борби водеа чија стока да ја пасе тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И жена ми умре, тукуречи од ништо, вели, кажи Левтеријо, вели Глигор, од нешто од некое живинче што почна да ја пасе однатре, вели, и да ја суши, да ја смалува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нѐ прашуваа каде се кријат учителот и Мила. Нѐ тераа да одиме до местата каде што ја пасевме Мила со нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И кравата што ја пасеше Злата исплашена се потргна одлепувајќи ја главата од тревата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Што да правиме со Кротка, дедо? - праша Бојан попладнето, кога се врати со срната од Заветна, каде што ја пасеше, држејќи ја врзана за јаженце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)