ја (зам.) - пече (гл.)

И трпнежот почна да ја боли, да ја гори, да ја пече.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одејќи, одвреме навреме со влажната шамија си ги омекнува испечените усни за да го тргне од нив оганот и да ја подгасни жедта; колку за да омекне сушата што ја пече.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
3. Да се навлезе во тајната на ненапишаното е проблеснување, фатеното жарче што ја пече мислата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Таа, по долгото патување, од постојното тргање на уздата, удирање по мевот и силење на коњот, како и од жешкото сонце што ја пече, сета е во пот и зпочнува дел по дел да вади од на себе, да се соблекува и да фрла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога децата ќе се заиграат помеѓу себе, тогаш и ние двајцата ќе можеме да се придружиме на трпезата да принесеме уште нешто, пред да ја изнесеме најголемата тава што специјално за нас ја печеа грнчарите дури во Велес.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ех, - вели таа, - струјата изгасна. – Питата нема каде да ја печам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Утредента, додека сонцето сѐ уште се готвеше да отскочи на небото и да продолжи да ја пече жетвата, дедо Бошко, онаков сув, висок и подгрбавен, излезе од дома.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Понекогаш, Мајка ја печеше питата тикуш и под сач, во дворот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Солта уште повеќе ѝ ги разјадуваше раните. Ја печеше, ја штипеше по целата глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кога се сврти, ја фати неумолив ужас: на десетина чекори зад себе се виде себеси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)