ја (зам.) - повлекува (гл.)

- Немој, Мими, не плачи, - ја повлекува за лактот пониската од двете жени.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога размислуваше брзо можеше да ги одбегне неговите удари: О'Брајан ја повлекуваше рачката главно кога тој ќе покажеше глупавост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Имаш најубави колена. Да, да, прво што забележав на тебе беа колената“, па моташ низ паметот кога си се прошетала во шорц пред него и си ја повлекуваш сукњата преку испакнатите, ’ко со вода полни примероци, и во чудо си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја повлекувам рачката за затегнување на затворачот, го исфрлам неиспуканиот куршум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кошулата си ја повлекува преку колениците, сѐ до стапалата со каменот камносани.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Да, но...“ „Кој друг говореше во таа пригода?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Тој ми даде поддршка во време на мојот втор преизбор за главен рабин и тоа кога советот на еврејската заедница ја повлекуваше својата...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Саздо го брише ветробранот со ракавот од десната рака; неговата слободна лева рака ја бара палката на која пишува „стоп“ и полека ја повлекува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
(Излегуваат. По малку се враќа Христов. Тој внимателно ја затвора вратата зад себе и ја повлекува Неда во спротивниот агол од собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Ништо. Тероризмот не може без овие работи. (Ја повлекува напред и со шепот.) Зар ти мислиш дека јас немам очи и дека не гледам што станува и каде сме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)