ја (зам.) - погледнува (гл.)

На празниците оддалеку ја погледнуваше и засрамен, поцрвенет до уши, си ја ведеше главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Овде им било и ним местото”, - помислува Соколе и ја погледнува како пропаднат в земи, стопати колнејќи се во себе зошто се нашол овде и молејќи ја, не знае зошто, тој неа да му се смилува, како да кренал секира над неговата глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Х.Х. е во недоумица. Ја погледнува првин строго, а потоа со израз на рамнодушност, божем не ја слушнал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се разбира, непрекинато под око ја погледнуваше Петра и секогаш се уверуваше дека тој е не помалку под нејзиното будно око.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа и не е некој камен, туку каменче. Го гледам каменот, а ја погледнувам и Весна. Таа е збунета. Нешто не е в ред.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ја погледнувам. Сините очиња се залепени за далечната модра планина.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„Да вечераме, па да си одам долу“, вели преку сила Шабтај и ја погледнува снаата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Танаско зачудено ја погледнува Зр ки са врнува уд другта срана?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја погледнувам. Сините очиња се залепени за далечната модра планина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го гледам каменот, а ја погледнувам и Весна. Таа е збунета. Нешто не е в ред.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)