ја (зам.) - покаже (гл.)

Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Лежи гола, а дедо ми ја покажува, ми обрнува внимание да забележам како е истенчена, сведена на ширина на лико трева од што е потрошена од фикарење глави и брцање во душмански шкембиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Јас ќе ти ја покажам, чичко, - викна едно малечко босоного дете и се одвои од другарчињата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој праша: - Дечиња! Кое ќе биде толку добро да ми ја покаже куќата на коџобашијата?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Многу ти благодарам! Да си жив и голем да пораснеш!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Откако влегоа во дворот, трговецот му даде на детето неколку мангари41), го помилува по косата и му рече: - Ти си јуначе!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се нишавме двајцата во самарот, стиснати еден во друг, врели од возбуда која не смеевме да ја покажеме, та молчевме или само повремено ќе изговоревме по некој збор, за да ја свртиме трагата од возбудата за која бевме свесни и за која знаевме дека е забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На едно место сретнавме циганска населба, која сопатникот од Холандија ни ја покажа со мала насмевка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поначесто ни свиреше, ни даваше дури и ние да се обидеме, па малку од него научивме - си потпевнувавме и свиревме - онака детски.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И еве, сега, кога можев веднаш да се запишам во мандолинскиот оркестар, си ја покажав глупоста: се занимавам со некакви афери со сликички - животинско царство и со некакви лексикони.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас веќе немам збор во селото. Лаже, мате, отио напред.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќимс'н сен? — извика војникот, но гледајќи го попот на коњот и жената по него си промрмори нешто за себе, во кое време Толе му одговори: — Бенјим папас ефенди, — и не запирајќи го коњот помина крај војниците откои едниот ја изгледа похлепно Митра и му ја покажа на другиот: — Бак, бак, кардаш, ѓузел ѓелин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По краиштата на подиумот, на трите страни без ѕидот со каминот, крена миндери во козина колку за дузина гости, а на средето положи ниска софра од родната куќа, веќе фрлена во неупотребливи предмети, а сега светната со фирнајс, колку за да ја покаже староста, толку и трајноста на дрвото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Логиката на таа просечност (и.т.н., и.т.н.) Зракот на вечната светлина ја покажува вистинската нијанса на оваа сивост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Никако не му даваше можност тој да ја покаже својата толку многу голема готовност да биде сервилен, па мораше само да ја следи како некој виновник.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој само се смешкаше; одеднаш рече: „Луцијо, сакам да ти ја покажам таа светлина и таа музика; затоа те водам со мене“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Кога доаѓаш во туѓа куќа спиеш и јадеш во онаа одаја што ќе ти ја покаже домаќинот“, рече некој трет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција завршила дефектологија и сега работи во Центарот за слух и говор; солидно заработува, живее сама, а Земанек ја посетува одвреме-навреме, и се разбира, со неа излегува за време на државните празници и партиските прослави, за да ја покаже својата брачна врска пред јавноста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме мереше со немирните очи и размислуваше, секако, што да ми прави за да ја покаже својата сила пред Ана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чекав да удри гром, да плисне порој, да дојде глутница седништа, за да ја покажам својата гусарска нарав, зол секогаш, сегде, кон секого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Да, браќа, - продолжи директорот, свесен за превидот, - вие ќе се вклучите достојно во прославата во која нашата Партија на трудот, нашиот народ ќе ја покаже големата љубов кон великиот Сталин и почитта кон неговото дело, во името на целиот пролетерски и работнички свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа ќе ја натера македонската интелигенција со различно образование да се сплоти во едно за да го обедини нашиот народ, но веќе не врз таа основа што си ја покажа сета своја неодржливост, а врз друга, врз чисто македонска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но великодушноста на Србите е само затоа да ја покажат умереноста на својот апетит и справедливоста на нивните барања: Ете, не го сакаме тоа што не е наше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нашите земјаци си ја покажаа сета јунаштина и готовност да се пожртвуваат за интересите на својата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Македонците во Бугарија го убедија бугарското население во правината на нивната програма за полно одделување на интересите на Македонија од интересите на Бугарија, ја покажаа политиката на владата, на кнезот и на „генералскиот комитет” или Комитетот на Цончев-Михајловски102 како егоистичка и добија во Бугарија поголема власт над „генералскиот комитет” и над владината политика по македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, се откажуваат од претенциозноста и дискриминацијата... негувајќи ги институциите како цвеќе во ваза... само тие ќе ја покажат формулата на современата цивилизација... која го негува правото на рамноправност на сите народи и култури...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но по неколку дена пак го повика и му рече: „Си имал среќа, момче; за храброста што ја покажа, командата те наградува: прекомандуван си во работен баталјон“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Стално војувал за да си ја покаже силата и ги пустошел крајевите, кај што ќе поминел, така да луѓето многу му се плашеле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Таа судбина му ја откри на Глигора бездната во којашто мораше да се струполи, а на старецот му ја покажа непомирливоста на младоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Почина? Се лажете, месје. Таа е уште жива. Ако сакате, можам да ви ја покажам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Во чии раце тоа? се кикоти Капсула. - На онаа ли што им излегла на беговите? - Не, на сликата. Ја чувам уште. Ќе ти ја покажам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веруваше во судбината, а таа денес ја покажа својата милост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Трговецот со басма, во трампата со која станал стопан на коњот сега со име Облак, сакал да им ја покажува на своите роднини неверојатноста: во поилото на својот заграден двор исипувал од стомна вино и го поел назобаниот белец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Поштарот не верува дека сум мртов, а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
“ * Тоа беше приказната на младичот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги бараше дијамантите. Завчера, најпосле, ѝ ја покажав обетката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зракот стана патоказ. Патоказот ми ја покажа насоката по која ќе се движам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога видоа дека се беспомошни се повлекоа од врвицата, загазија во сувата трева и молкнаа, можеби читајќи му во себе на непознатиот оченаш. „Го гледаш ли ова?“ Отец Симеон му ја покажа здравата рака на која беше истетовирано срце.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За народната српска интелигенција рускиот историчар и етнограф П. А. Ровински во минатиот век ја напиша оваа дијагноза: „Недоволно просветени, малку работат, не се грижат за целта, во ништо не сакаат да се задлабочат, склони се да ја фаќаат површината на работите и веднаш ја покажуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова беа и делови од омажот, кој му го посветив на Махмуд Дарвиш, на големата вечер во катедралната црква Света Софија во августовската ноќ 2007 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веројатно скришум и тој ја споделуваше мојата радост, но не сакаше по никоја цена да ја покаже.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обземен од моите книжевни потраги и со моето дипломатско искуство, се обидував да дојдам до индивидуалниот и колективниот удел на историската одговорност, барем на планот на генералните размисли и идеи, при што, постојано надвладуваше рефренот: сите ние бевме одговорни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ретко кој се обидуваше, затскриен во некоја дефетистичка барикада, во исчекување да мине злокобниот, судбински бран на историјата, да си ја покаже главата во новото време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За доказ на својата теза во интимното друштво, во залезните години на животот, кога луцидноста не го изневеруваше, Бургиба им ја читаше на убаво негован француски јазик на свои пријатели и познати политички државници кои го сакаа и почитува, поемата на Алфред де Вињи Смртта на волкот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога неколку месеци по државниот удар ми се јави лично шефот на дипломатскиот протокол, со известување дека се организира матанѕа, односно со барање за учество, јас морав да ја покажам својата неукост и да запрашам: - Проштевајте, рековте - матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште тогаш во Тунис ми зборуваше за својата опсесивна тема на идентитетите, (подоцна ќе напише книгата Погубни идентитети).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во оваа величествена поема на Вињи, вистинска химна на борбата за живот и неумоливата смрт, Бургиба како да сакаше да ја покаже својата трагична величина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски не рече ништо, туку само, пред да му ја подаде книгата на Татко, држејќи ја од двете страни, му ја покажа за да може да го прочита името на авторот и насловот: Neuman Weissman, Les Janissaires, Fасult des letters, Paris, 1938 прочита Татко гласно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми ја покажа сликата што ја држеше во ковчеџето и рече: овој е господ... а овој е ѓаволот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никогаш Демијан не сретнал Ром во животот, ништо не знае за нивниот танц и нивната музика, ништо не знае за балканските ритми, никогаш не бил во Европа ниту пак знае мојата земја на карта да ја покаже...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На кинисување Нешка се засрами да си ја земе китката, ама Тода, како мајстор од занаетот, ѝ намигна со око и ѝ ја покажа, а таа тоа чекаше, ја грабна и ја завитка во ракавот, велејќи и фалејќи ѝ се на Тода со главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го гледате ли? — тука Бино ја покажа Нешка. — Го гледате ли?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ми дојде ли мори, продадена душо? — го сретна Милан Јована и му ја покажа сувата врба крај Вардар, што требаше да го заплаши Ѓура дека таму, на врбата, ќе го заврши животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако ги изгледа двата лика наизменично, му рече на Арслан на каурски: – Погледај го ова лице, Арслан! – и му ја покажа Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А и ти беше личен во машката носија! – Требаше, со тоа, да ја покажеме древноста и убавината на нашите носии, нашата виталност... – дополни Татко. – Џамаданчето, сето извезено со сребрена срма, уште го чувам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Всушност кога се качивме во Кулата, без да ни раскажува за замомчувањето и за тајните поврзани со него тој побрза да ни ја покаже својата срамота.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– „Ами за Сивета и Чулета како веруваш, бре татко, да за мене да не веруваш му рекол Силјан и си го собул објалото од десната нога та му ја покажал ногата кај што му била заварена“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Им ја покажа вратата каде што требаше да влезат и се тргна настрана да им направи пат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Еве, - рече Шишман за да го разувери до крај и ја отвори кутијата, му ја покажа отворена, го заигра камчето внатре, кое сега во отворена кутија не тропаше толку примамливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога најпосле работата тргна вака, арамиите пак ја покажаа својата ненаситност.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И можеби дедо Бошко ќе одбиеше, и Луман, како што имаше обичај, ќе ги изнатепаше сите по дома, некого ќе убиеше или дури и куќата ќе му ја запалеше за да си ја покаже силата, но сега тоа не се случи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури кога виделе дека ќе умре, му ја покажале и го прашале што да правата со неа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Верен на начелото на анархизмот, тој се обиде да го замисли светот без политика, без насочување на луѓето и владеење со нив, но со тоа само ја покажа склоноста кон поедноставување на вистинските човекови потреби, со што се спротивстави на сопствените желби за што покомплексно сфаќање на светскиот тек.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа е апсолутно прекрасна и чиста и она што би требало да го направиш е да ја уништиш првата и да ја покажеш втората“. 24 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прв пат го видовме на дрвената кула во дворот на одборот и бидејќи Ангелина гласно проговори зошто таков млад и силен маж не е во борбата, тој се поискриви малку и ни ја покажа својата една нога-дрвена!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Единствено бабата Перса, која многу и не ги разбираше разговорите на мајките, сфаќаше што прави песот и по малку како да му завидуваше за толкавата љубов и заштита кон девојчето, но во исто време беше и задоволна, знаејќи дека Дончо никогаш не ќе може докрај да си ја покаже силата пред неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од некаде извади слика од него и држејќи ја со прстите така за да не ја извалка му ја покажа на Ѓорѓија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да го ставиш комарникот, па дури после да ја покажеш главата, да се појавиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку пати само сум се стегала и не сум смеела да излезам, главата да ја покажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секако, тој млад човек ми беше симпатичен, а во исто време во мене гореше желбата да му ја покажам реалноста каква е вистински.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Какви намери имаше тој со неа, толку непогодна, и за него во мигот беше нејасно, освен можеби пред ученоста и начитаноста на бегот да ја покаже и својата упатеност во нешта за него далечни. Ќе да беше второво.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ибн Бајко, штом му ја покажаа, си рече дека таа грдосија е токму за него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)