ја (зам.) - покани (гл.)

Додека траеше ова убедување Томо веќе ја покани Рада на клупата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот овие две другарки ја поканија на ведра забава, а не на исповед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога по одморот, пак ја покани за игра, и кога пак нивните тела се развиорија, нејзе како да ѝ се слоши, како да ѝ се сврти во умот и побара да излезе на терасата, на воздух, да земе здив, да се одмори.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа некој од персоналот стана и ја покани за танц; таа стана и одигра со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пред бараката се разделивме. Се колебав дали да ја поканам дома кај нас, но се премислив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Полжавката и малото полжавче радосно се прегрнуваа. Ѝ се заблагодарија на добрата желка и ја поканија да им биде гостинка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ја покани да дојде во клубот кај што пушташе музика – сега веќе не свири самиот, ѝ рече, ама не може да ја остави музиката...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Со Ваша дозвола, би сакал да ја поканам Вашата почитувана ќерка на пуримската забава во „Јеврејска касина”. - Да, да - рече збунетата жена и брзо се трга за да ја пропушти ќерка си.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пурим алегре!14– додека на лицето му се појави еден чуден израз, мешавина на трогнатост и пријатна возбуда. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Повелете, седнете, - ја покани наставничката со благост во гласот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На полуматурската вечер ја покани на танц, а таа му одговори мавајќи го со топчиња ископани од носот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)