ја (зам.) - поправа (гл.)

Стариот железничар нестрпливо си ја поправаше шапката, без потреба поткашлувајќи во дворот - на чистиот воздух.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога помина лошотијата, кога Бандо и жена му се посмирија, по неколку ноќи преспани кај пријатели, се вратија во куќата и започнаа да ја поправаат, Бандо ги извади камењата од езерото и одново почна да го ѕида ѕидот од куќата на истото место каде што и си бил.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Луѓе кои знаат дека одразот во огледалото не е нивен, а сепак му нанесуваат шминка и ја поправаат фризурата пред да го пуштат надвор. Туѓи одрази шетаат низ град.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Касиерката ја заклучува масата, ја поправа косата и се карминира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Туку си буцка, туку ја поправа оградата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)