ја (зам.) - поткаса (гл.)

Извади да плаќа, и дури ги подаваше парите, прстите им се допреа. Жената ја поткаса усната.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мајка му си ја поткаса усната кога брат му кажа дома дека решил да се жени зашто девојката му е бремена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)