ја (зам.) - поткрева (гл.)

Пофаќајќи овде-онде по хартиите за да направам некој ред и за да можам подоцна, по чакарењето низ прозорците, по здогледувањето повремено на по некој што поминува, што ја поткрева главата кон мојата соба и, молчејќи, без ни да се накашла, заминува, пофаќајќи, значи, по хартиите, го најдов оној плик со писмото на брат ми од Мелбурн и зедов да го препрочитувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Учителката ја поткрева главата, но којзнае што мисли и кај гледа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
МАРА: (гледа горе и ја поткрева марамата од главата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Му објаснувам дека треба да ја потфати Огнена под плешките и да ја влече додека ја поткревам колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изгледаше како некои невидливи огромни чудовишта да се настрвиле на нас, ја поткреваат земјата и бараат уште жртви.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Си мислам дека некој бугарски војник ја поткрева главата и пак залегнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со едната рака ја држи камилавката, а со другата само ја поткрева мантијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кучето ја поткрева главата и само вие, не се помрднува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со мака ја поткрева едната рака и нѐ фаќа за вратот, нѐ милува по темето со раката. Првин едниот, па другиот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Облак не зборува, си мислам облак може да грми, може со дожд или со град да те удри, ама не зборува, си мислам, и ја поткревам главата нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Опасен е овој, Мирковиќ, си мислам, а очите ми солзат од некое маглиште, од некое натурено огниште, што ли? Ја поткревам главата од окопата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трчам, се влечкам, ја вадам главата, ја поткревам ко желка од под корупка. Ебати главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му ја поткревам главата и тогаш светнува ракета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Всушност, ја поткреваа некои попови прасиња и кртици, некои притаени семиња и повратени треви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Костадиница има нешто во главата! си помислува, си ја поткрева едната рака и прави пу пу под под мишка, што и да е, нека е подалеку од неа и од нејзината Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некој му се пика во мислата, го кара Е, полека, што ја поткревате вреќава!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја поткрева главата, ја нема Чана, брлогот уште е топол како што кажуваат дланкиве, а овде, каде до пред малку беше тој - студено бетер од грутка мраз!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Малечката Пелагија уморот ја обеси на рацете од двете жени, меѓутоа мајката Пелагија ја поткрева и ја стиснува во својата прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неговиот глас ја нема ни силината ни цврстината како тогаш кога го пушташе од дрвената кула во дворот на Одборот во Гаково кога постојано си ја поткреваше црната коса што му паѓаше над десното око.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Чана ја поткрева големата снага, ги гледа децата и вели Шо велиш, моја Пелагијо, ки са нај м′шка р′ка да гу пувела во дете?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја поткревам главата, а Цветан и Коста лежат ко никој да нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас ја поткревам главата, а Горачинов ме прашува, што ми е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тетка уште лежи на патот и само ја врти, ја поткрева главата и ги замижува очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По малку, ја поткревам јас главата и ја пофаќам дали ми стои на вратот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А гледам дека ја поткрева главата кон мене, ги подбелува очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја поткревам главата над церадата собрана зад кабината и наѕирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја поткрева и Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)