ја (зам.) - пофали (гл.)

Сјајните и виолетови плодови на патлиџанот, пресечени на половина, издлабени во средината, со пријатно горчливиот вкус, беа како голем букет составен од разнобојниот испечен зарзават во кујната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кај ручек време дојдоа и гостите, на чело со нункото Милоша, си поручаа од Митрините тепсии, ја пофалија Достината нова манџа и си отидоа да разнесуваат по селото за новините што ги воведува рожденката. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Среќа дека помеѓу жените нема толку многу кодоши, како помеѓу нас, мажите, ја пофали тој и ја погали по образот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На свеченоста присуствуваа и претставници на властите од Лерин и од 100 месни одбори од околијата и голем број селани од околните села и говор одржа префектот Депас кој ја пофали постапката на жителите од селото Атрапос.”
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имамот, убаво се најал, ја пофалил сопругата за јадењето со многу состојки, но кога забележал дека во подрумот нема храна, се онесвестил. Сите весело се насмеаја, вкусувајќи ја варијантата на Мајкиниот имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)