ја (зам.) - практикува (гл.)

Според една легенда, во средниот век, Омејадите, престанувајќи да ги преобратуваат немуслиманите, го прифатиле системот dhihmi, кој ги штител христијаните и Евреите, коишто можеле да продолжат да ја практикуваат својата вера, но по цена на тежок данок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неа можеа да ја практикуваат само отпадниците на општеството.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ви препорачувам да ја практикувате оваа вежба сè додека не сфатите дека субјектот Д лесно може да биде во позиција на субектот Б.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Моралот на куновската философија на науката е значаен: не постои дисциплина наречена „критика“ што некој може да ја практикува за да дојде до значително подобра политика, не повеќе од постоењето на нешто наречено „научен метод“ што некој може да го примени за да дојде до значително подобра физика.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не сум ја практикувал отсекогаш медицината, оваа гомнарија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не можев да се ослободам од впечатокот дека секој негов гест претставуваше дел од играта што тој и Јана договорно ја практикувале.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јавната сфера дефинирана од страна на Арент јасно припаѓа на машката елитистичка управувачка активност на полисот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Топографски симбол на политичкиот живот во античкиот грчки град-држава е агората, главниот градски плоштад, каде што граѓаните ја практикувале својата граѓанска доблест преку директна дискусија за прашањата од заеднички интерес.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)