ја (зам.) - преврзе (гл.)

Јас веднаш како санитарка му ја преврзав раката, а тој ми рече: Сега, нема ли да ми кажеш дека ме сакаш, а јас му одговорив: Ќе се земеме ако останеме живи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му го собу чорапот, му ја изми раната, ја намачка со јод, ја преврза со завој и му го обу опинокот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Болничарот ја преврза раната, а командантот оцени дека Лефтера не е за в болница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му ја преврзаа воспалената вена со некаква маст што го отстрануваше чешањето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му ја преврзавме раката на Шнајдерот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
— Оди да ти ја преврзат раката, ѝ вели Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не смееш ни шамијата да ја преврзеш, ни скутината да ја преопашиш, ако ти избегала настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)