ја (зам.) - предизвикува (гл.)

Според Рајт, еден од главните разлози поради кои Витгенштајн ѝ се опира на интенционалистичката претстава, е тоа што таа ја предизвикува веќе споменатата тешкотија „regressus ad infinitum”; имено, тоа што се мисли дека правилото е „во умот”, не објаснува како се нашло таму, бидејќи проблемите на препознавањето што правилото од некого бара, не се разрешуваат, смета Витгенштајн, со самиот факт што тоа е „во умот”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го гледаше како со бавни чекори се оддалечуваше преполн со необјаснива тага и меланхолија која му ја предизвикуваа зборовите во чие значење проникна толку длабоко и од кое не можеше толку лесно да се ослободи и покрај тоа што тие се однесува повеќе на минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според тоа, по двете основи би требало да очекуваме дека доколку навистина имаме работа со следење на правила, оној кој го следи правилото мора, барем во принцип, да биде способен да ги препознае барањата на правилото и да биде свесен дека ги задоволил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А и јас сум сведок на збунетоста што Лена ја предизвикуваше кај Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И тогаш асмата се разбуди меѓу нашите семејства крај Езерото. Најчесто ја предизвикуваше зависта. Не даваа некој да се искачи над другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа се случува и со јазикот за време на Француската револуција, кога туѓите зборови треба да ја мобилизираат класата која ја предизвикува историската побуна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Француската револуција донесе енормен вокабулар во сите сфери на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)