ја (зам.) - предупредува (гл.)

Понекогаш ја предупредувам, на пример, со задржувањето надвор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мила, ќе ѝ речам, време е да си одиш дома, ќе те казнат, а таа: - Што ти е гајле, не те казнуваат тебе? Мене ме казнуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)