ја (зам.) - преседи (гл.)

И јас така на скали ќе ја преседам ноќта, стуткана на скалите, пред врати. Ќе седам и ќе слушам како капат јаболката во бавчата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе падна мракот додека гавазот и Бошко, со мртвото тело преку своето седло, се прибраа во градот, па валијата нареди покојникот да ја преседи ноќта во куќата, иако според муслиманските обичаи тој требаше што поскоро да биде закопан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И јас со пиштење му се откинувам и се измолкнувам надвор. И ноќта пак ќе ја преседам на скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојдовме над селото Смрдеш и тука цела ноќ ја преседовме. Скриени во коријата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да одам барем на станица, таму да ја преседам ноќта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му ги измивме и посатките, му ја изметовме куќата, му суредивме, му сторивме. И ноќта некако ја преседовме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќта Ване не ја преседе, туку ја престоја - и тоа не во ходникот ами на папучата од вагонот, тукуречи на една нога.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)