ја (зам.) - прескокне (гл.)

А може овој пат ќе ја прескокне куќата наша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ама за солта нема како. Солта не се сади, не се бере, а не можеш да ја прескокнеш. А ја прескокаш, сркаш бунгури, јадеш леб глекав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ја прескокна пролетта. - Не е важно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За разлика од рекламите во весниците, телевизијата или на радио, каде што секогаш може да ја прескокнете страницата или да го смените каналот, луѓето во текот на нивниот секојдневен живот не можат да избегнат да гледаат билборд реклами поради нивната импозантна големина и поставеност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)