ја (зам.) - претрча (гл.)

По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута. Со грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кај рускиот велиш? — му се обрна патникот на Мита. — Кај него, каде на друго место, — му одговори црниот Мито.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЛУКОВ: Вие не грижете се. Вашата работа ќе биде само да ја претрчате далечината од местото на атентатот до пунктот каде што ќе Ве чека мојот човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„По врнежот нема каде да се оди.“ Се сложија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Денес кај мене!“ ги поканив другарите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја претрчавме улицата и тревникот кон нашата зграда, се втурнавме во влезот и малку наврнати втасавме пред вратата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Првин се појави едно мало глувче и ја претрча собата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)