ја (зам.) - претскаже (гл.)

Знае многу добро да гледа на дланка. – Па ти отсекогаш си била рацоналистички настроена. – Но, таа ја претскажа смртта на сестра си!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како судбински да им ја претскажуваат иднината, онаа што е најверојатна, да не се рече неизбежна во такви ноќи, црцорците гласно се бараа по полето, да се најдат, да го прослават животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Аполинер во тоа време не беше славен, и реченицата ја претскажува славата што тој денес ја ужива, бидејќи неговите песни се сочувани за подоцнежните генерации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така реченицата би можела да гласи: “Any poem read by a tenor is saved”. (Секоја песна прочитана од тенорот е сочувана).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)