ја (зам.) - прибира (гл.)

Змејко стана и ја прибираше храната. Печката беше усвитена и мирисаше на леб што се потпечува. Беше едно угодно, сито чувство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас сето тоа го слушав и ги држев колената на татка и се вовлекував во неговиот скут опседнат од приказната што лакомо ја прибирав и запишував на белите страници на мојата детска душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Посегнува да ја угасне ламбата, но се присетува на нешто и пак си ја прибира раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ме виде како ја прибирам во кутија, мајка праша: „Што е тоа?“ „Ластовица,“ реков, заклопувајќи ја кутијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си ги наведнав очите и почнав да си ја враќам назад, да си ја прибирам раката. Небаре удрена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ќе ја чуваш затворена?“ „Мртва е. Ја прибрав за да ја фрлам.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)