ја (зам.) - приближи (гл.)

Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Да, - си мислам јас, - но, колку пати до сега ја видел како наместо моливот за очи, кон очите ја приближува цигарата, а наместо цигарата, само што не го стави в уста моливот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој ја потфати за раката, ја приближи до себе, а таа малку уплашено погледна наоколу, некој да не ги гледа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)