ја (зам.) - продава (гл.)

Зема дедот Петко заире; носи стока, а Мице ја продава и пишува „приход расход" и по пет шест години, кога си ја видоа сметката, уште малку што не излезе должен дедот Петко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никому нема да му ја продаваме, никого нема да го одбиеме и за никој нема да се двоумиме да ја пружиме –  правдата и правичноста. (Заклетва за должноста судија) Луцидната и прониклива римска идеја-водилка за примарното значење на тужбата како средство со кое се стигнува до целта, спомената во воведот на книгава, ќе ја споменеме и на крајов –  бидејќи таа, за среќа, повторно воскресна во правните научни кругови кон крајот на XIX век, под влијание на англо- саксонската и американската правна традиција, во правецот на познатите т.н. правни реалисти. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правото на државата да ги наплати таксите [во никој случај] не може да биде поважно од правото на [пристап до] судот! 5) Недоверба во „институциите на системот“ Во овој дел мораме да ја истакнеме изразената недоверба на работниците кон надлежните државни институции, кој се најповикани да ги разгледуваат прашањата од трудовоправната сфера (покрај судовите, тука пред сè мислиме на: МТСП преку своите подрачни единици, АВРМ преку своите центри за вработување и „озлогласениот“ Трудов инспекторат преку своите локални, општински одделенија).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
304 Револтот и сомнежот за корупција во редовите на овие јавни функционери и службеници, кои се блиски до локалните моќници, а којшто е јавна тајна меѓу работниците, и кој на моменти оправдано преминуваше во отворен гнев и презир – со право, пред нас, ја постави дилемата дека, во наредниот период, треба да направиме студиозно истражување на оваа доста загадочна и мошне скокотлива тема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Душата не е златна прашина па да ја расфрлате низ ветерот, да ја делите, да ја продавате и на крајот да останете празни, јалови и гнили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој, мојата половина ја продава во млин, а јас добивам пари на рака. - Убаво, чиста работа. - дофрли Саво.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Што сака нека биде со селото! Не си ја продавам честа...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти, ми вели тој, беше во Србија за да ја продаваш таа стоката украдена од железничката станица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се сеќавате на филмот Chinatown? Луѓето коишто го основале Лос Ангелес, започнале со водата да прават капитал - ја пренасочиле во центарот на градот и ја продавале.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)