ја (зам.) - продолжува (гл.)

Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вака, со бомбата, изнашле начин како да се ослободат од тројцата наеднаш, но мажите и сите жители на Потковицата отворено се побунија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Камилски како да сакаше со овој проект да го привлече вниманието на властите кои ја продолжуваа традицијата на искоренувањето на османското и турското од балканските војни, во текот на целиот XX век, но, секако, дека тој си имаше свои различни аргументи кои сакаше да ги сподели со Татко, когошто го сметаше за голем авторитет по ова прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Драго ми е што децата не се тука и поради една моја бесрамност за која, макар колку да сум свесен, ја продолжувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Две напоредни „граматики“ во кои нештата се разликуваат меѓу себе по начинот на кој, платоновски речено, се огледуваат во огледалото на говорот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Спонтано ја продолжувам имаголошката скица за „Блиските странци и далечните ние“, почната во анти-упатствата 66 и 67.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Му го поземам зборот на Никифор Абазовски, му ја продолжувам пофалбата и заплескувам со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ветровите надвор ја продолжуваа својата борба, затскриени од синикавата темнина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад него остануваше онаа мачна, џвакана, ѓаволска трага и сѐ, што можеше да се стори, тоа беше да ја продолжува неа по бескрајната нагорничавост пред себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По Крстовден, откако од обраните лозја се преселиле кршлаците, соопштувајќи дека водениците се арамиски засолништа, селото го поздравиле со оружје и со закани стемнети суварии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Али-бег или некој друг ја продолжувал играта на злото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За мене е многу интересен еден негов личен исказ во врска со ова прашање: (всушност ја продолжувам приказната со желба да ја добијам наклонетоста на Виктор за мислата што ја застапувам) Вујче самиот ми раскажа една вистинска случка што можеби нешто објаснува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но и натаму си ја продолжувавме необичната трговија, си го купувавме Мајкиниот мир.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)