ја (зам.) - процени (гл.)

Фативме адвокат и тој направи тужба до судот; во неа смртта на Ѓеро ја процени на четириесет и осум илјади лири.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој очигледно е од оние луѓе кои имаат смисла да ја проценат својата повластена позиција и, за да ја задржат, не престануваат да се жалат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се разбира, штом ја проценив ситуацијата и јас се правам де дека ги знам де дека не ги знам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Судот го зеде тоа предвид, ја уважи жалбата на Китан и го задолжи Танаила да му ја надомести штетата на Китан што ја процени вештото лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Застанати во ходниците, потонати во молк, се обидував да ја проценам искреноста без помпезни гримаси и сарказам, скандалозен перформанс би изгледал како лудило а сентименталните работи како баналност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со секоја секунда бев подалеку од тебе но поблиску до вистината, не можеме да го сокриеме тоа што сме, ќе не пресретне еден ден каде и да е, по кој пат и да одиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)