ја (зам.) - разладува (гл.)

Се молеше ко дете, вели и ја разладува водата што ја донесе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Велеше оти преку нив си ја разладува душата и си го очистува срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не знаеше од каде доаѓа свилата, дека тоа е измет на бубачки, како пајажина, но попостојан и поубав оти е создаден во ситоста и мирот на сонот, а не во глад и трескава напнатост на јавето; дури ни колку долг и опасен пат треба да се прејде за да биде прегрната од фустанот што ќе ѝ ја разладува младата кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)