ја (зам.) - расположи (гл.)

На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Анастасија речиси беше сигурна дека Радуле во желбата да ја расположи несреќната Стојна веројатно ѝ објаснуваше дека не треба да се срами бидејќи оние од горните прозорци се страдни да зафатат барем со малиот прст од густиот маџун на задоволствата што ги уживаат тие двајцата!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ѓузел к'зи“, ја подзадевна насмевнат синот на Тајко, сакајќи да ја расположи. „Ајде, не плачи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)