ја (зам.) - реализира (гл.)

На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Успевајќи во својата книга да ја реализира оваа висока цел, авторот може да биде задоволен од себеси зашто со ова дело се дава неспорен придонес на современата мисла и книжевности во Европа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никој не беше се сетил дека поканата за патување во Албанија ни беше испратена да ја реализираме во пролетта на 1979 г., кога во оваа земја на големи тапани се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Целта на друштвото беше неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма што ќе ја реализираат во Македонија тајно од српската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми беше дадена шансата да ја реализирам мисијата која ретко ви се нуди во животот, да трагате, да придонесете да се зближуваат, да се обединуваат луѓето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имав впечаток дека Х.Х. упорно и доследно ја реализира програмата на тајната полиција односно Централата за моето однесување во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега му преостануваше малку, многу малку време за да ја реализира идејата за бегство преку границата на Езерото што ја разработуваше долго време, во сите можни варијанти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)