ја (зам.) - рецитира (гл.)

- Дали утре ќе ја рецитираш наградената песна или некоја друга? - праша Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да не ѝ се случило нешто лошо, нешто страшно? - си мислев, но пред Бреза се преправав дека сѐ е во ред и како навиен ѝ ја рецитирав песната за Цуцул и говедата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ивона со театрална умешност ја рецитираше својата наградена песна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ќе издржиш до пет часот додека да се разбудиме, ѝ одговори мајка ми како што ѝ одговара секој пат кога Бреза „ја рецитира својата позната песна“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Учителот ја викна и учителката. – Ајде, прво Мара, но таа ја рецитираше уште побрзо, ми се чинеше уште повесело и погласно, а ја слушнав учителката како ѝ вели – полека, сакаш да видиш разлика.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој почна да ја рецитира: „Качамак, качамак, вчера јадев, денес пак! Ама уште што сум јак голтам топол качамак!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Почна во себе да ја рецитира: „Мери го зборот на кантар златен Зошто од рана повеќе боли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)