ја (зам.) - рече (гл.)

8. Шуми под твоите нозе мртвото лисје од лани не го слушаш се веат над твоето лице надвесените гранки не слушаш од твоите очи занесени ѕвездите светлина пијат и паѓа златниот прав по разбушавените коси ти знаеш те вика само ноќта браната песна што ечи и што ја слушаш сал неа некому да ја речеш и итаат колку ли итаат твоите очи озарени што не го знаат мракот ни тој ги знае нив Очите полни со ѕвезди ја носат пред себе светлината на преболениот стих Побрзај побрзај брзај оваа ноќ е твоја ноќ и песната е новородено дете што не знае да молчи
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
26. СЕКОЈА БОЛЕСТ СИ ГО ИМА ЛЕКОТ - само една болест со ништо не се лечи, КАРАСЕВДА неа ја нарекол некој, КАРАПАРА - воздивни и сега ја речи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ајде, невесто, се издума ли која да ја речеш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја рече вистината, проклет да бидам, тој како да беше во мене.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Овој пат тато навистина ја рече правдината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Збор по збор од уста да ти влечам. Каде се оние златни времиња, кога трчаше од училиште дома и сѐ ми раскажуваше“, разочарано воздивна мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Син ти расте“, рече тато, “и не очекувај сѐ да ти кажува“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А јас, да ти ја речам вистината, и самата ја знаев сета таа историја, бидејќи сето тоа лично го имав слушнато со свои уши оној ден, кога дед Павел ги покани сите Белогардејци кај него, на имањето, и приреди богами богата гозба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)