ја (зам.) - свири (гл.)

По оваа песна која што знаат да ја свират и потпросечните ученици во Средно музичко се крсти и најпознатиот македонски детергент.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Стар овчар, со бела коса и брада, тивко ја свири со неговиот шарен кавал песната: „Море сокол пие вода на Вардарот, Јане, Јане ле бело грло!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И тогаш се сетив дека ја свират ,Елено моме".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)