ја (зам.) - седне (гл.)

Ја седна козаја заврзувам соскутината, ќе црцнам млеко во дланките и ќе ги напивам децата. Ѕвездана и Капинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пелагија, таа златната, таа ќе знае како со него! и внимателно се оддели од снагичките на внучињата, ја седна својата снага.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја фатив за рачето и ја седнав на колено. - Тато, - ми вели сосем тивко таа, - денес навистина добив петка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој ѝ помогна да ги внесе столиците под тремот, ја седна таму и се врати назад за да ги стави рацете на управувачот од косачката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Како да се изживува со нејзината помамена немоќ, тој ќе ја седнеше в скут, и шушкајќи ѝ во увото, се истураше во неа, безобѕирно туѓ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)