ја (зам.) - скроти (гл.)

Само кога ќе се сетам колку силно кобеа лишките зимоска, не можам да си ја скротам душава да не слути на зло, пак вели Коте Ризески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Виде и дека е итра, и дека сигурно одоколу ќе покаже благост, за да ја скроти пред него својата сила, која избива грдо како шурка од дупнато црево.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оти кажано е: кога гордоста ја почитуваш, таа кон тебе свирепа е и сурова, а ако само собереш сила да ја презреш, ќе ја скротиш. Но јас сила таква да му се спротивставам – немав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За да ја скроти неговата љубопитност Ивона ја впери камерата во неговата глава, зумирајќи ги неговите сафирни очи фаќајќи го огнометот на искрите рефлектирани во нивниот сјај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ - добрина, смирение, љубов и прошка - да ја скротат злобата! Сегде да има помин... ****
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во нашиот Атеистички музеј на најдобар начин ќе видите како ја совладавме религијата, ја скротивме историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не што ја сакаше, туку што сакаше да ја скроти, да ја стави под колено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)