ја (зам.) - смени (гл.)

И затоа Митра се „поткршна"; си обу нови калци, нови чорапи, опаша нова фута, си го врза кадифеното гушалче; ресениот ќилим го префрли преку глава, ги растресе цулувците, ги поначешла кркмите и отпред дојде променета, макар кошулата да не ја смени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Месинџерите автоматски се мултиплицираа, се заинаетив и решив да ја сменам автоматската опција.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Без гласник времето е глуво, спие светот, и не знае ниту за нашите злости, ниту за тоа дали бог еднаш донесената одлука, од која се тресеме, најпосле ја сменил...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас истрпнав. Сетија дека ја сменив ликијата. Посивев. Тие тоа чекаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наместо тоа изгледаше свежа и блескава, како сега да си ја сменила старата кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И пак не затоа зашто ја смени верата толку лесно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Немам ништо против таа да ја смени верата и да ти стане жена.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше ли со ова накажан што ја смени верата?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По едно време ја смени тактиката, а тоа Петрета уште повеќе го преплаши: стана мека, стана мила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Господа, ни се чини, за брада го фаќаме, само кога ќе ја смениме верата.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уцената на мајка ми не беше фер, но помогна. Ја сменив темата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти заврши, гледам, со школото – ја смени темата татко ми. – Да не е прерано?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А сега таа стоеше тука, дојдена речиси пред неговата врата, и во неа можеше лесно да се прочита дека самјакот таа утрина само ја сменил шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не, јас веќе никому не ќе пуштам крв, рекол со напнат глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нема ништо од кладбата, ај да ја смениме темата. И секој сам да си ја плати пијачката.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се измивме на јазон, фрливме вода преку рамена, и се токмам да разотворам врати, пенџериња, да ја сменам водата во стомните, да заметам, да проветрам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Проста жена, ама мајка ти е не можеш да ја смениш. Таа прва ти дала да јадеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треба да ја смени собата, вели Маса Ќулумоска, или треба да ја смени куќата, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)