ја (зам.) - совладува (гл.)

ПРОКЛЕТНИЦИ, КЛЕТНИЦИ, КЛЕТИ на јарбол, во црн превез свиена клопка со животна идила црн превез со проѕирни букви покривач со јадни пцовки ја остава во минатото небиднината со срце поцврсто од камен чекор по чекор ја совладувам иднината...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На бината се вртат балерините: ги усогласуваат движењата, ја совладуваат рамнотежата. Водат Ирина и Клавдија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од карпа на карпа, од дрмка до дрмка, полека ја совладуваа стрмнината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ѕирката од ќумбето се намалува, темницата сосема ја совладува просторијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најлошото беше тоа што, откако ќе потонеше во неа, тој многу тешко можеше да ја совладува во пречекорувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)