ја (зам.) - составува (гл.)

Археолозите ја составуваат историјата на една статуа од откриените парчиња, разнесени на повеќе страни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Слушаше понекогаш до утрини кога ја составуваше својата варијанта на вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Интересите на целината треба да се еднакво скапи за сите членови што ја составуваат: од неа треба да имаат сите еднакви згоди и во нејзина полза сите треба да прават еднакви жртви.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Сарафов не му сочувствуваа бугарската влада и кнезот, со други зборови: Комитетот, на којшто му претседателствуваше Сарафов, по македонското прашање се придржуваше според една таква програма, тогаш за тогаш само политичка, изработена уште од понапред, на која не ѝ сочувствуваа оние што се повикани да ги бранат бугарските интереси, ами сочувствуваа оние што ја составуваа толпата, со други зборови, бугарскиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Промените во јазикот на еден народ во времето ја составуваат историјата на јазикот на тој народ, а промените негови во пространството ги составуваат неговите современи варијации или дијалекти, поддијалекти, говори, подговори итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)