ја (зам.) - спакува (гл.)

Кога заврши со продажбата на билетите за последната проекција, убаво си ја спакува бундата во својата кеса.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога би можела да ја спакувам среќата кога ќе слушнам дека доаѓаш, за да ти ја подарам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Некогаш бев многу бесна на светот, носев вина, тегобност, но не можев да ти префрлам за мојот гнев и за она малку време што ни останува, а можевме да го поминеме заедно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)