ја (зам.) - стопли (гл.)

Пречекори назад. За утеха ја допре со раката студената плоча на пилата. Сакаше да ја сети жива под прстите, да ја стопли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А Фотина мртвиот в корито беше го клала; вода го потури млака што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку жив да се искапи така.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Понекогаш тој ден успеваше да ја заплисне со својата белина и да ја стопли со своите одблесоци целата Бела Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со милноста на песните и нас нѐ погодија во длабочината на градите, ни ја стоплија душата, та и ние срипавме и тргнавме кон нив, и без здив се прегрнавме, се слеавме и песна запеавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Или пак од некаде, како зауздани бели коњи, се спремаа да ја истрчаат земјата и да ја стоплат питомите ветрови на југовината?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)