ја (зам.) - стресе (гл.)

Синот на Пајко како попарен скокна и подаде раце кон неа. Ја фати за раменици, ја стресе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Влажен, студеникав и маглив е мракот. Ја стресе студенило, удри заб на заб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Студенилото на спалната соба ја стресе низ тенката ноќница, па триејќи си ги рамената со рацете, дојде до прозорецот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со нозете во снегот кој заврнал преку ноќта, од другата страна на стаклото стоеше еден единствен гавран.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Знаете, јас сум новинарка. - Ова повторно ја стресе Рада. Та нели во писмото од Јана стоеше дека „лотосот“ бил посвоен од некој новинар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)