ја (зам.) - сугерира (гл.)

Исто така, во Бојсовата инсталација Zeige deine Wunde (Покажи ја својата рана) од 1976 г., раната е нанесена во детството. 100 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А неговиот воз на спасувачки санки во Das Rudel, 1969, ја сугерира потребата за спасување и за исцелување на раните од детството.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Откако се полил со желе - за да го означи враќањето во флуидната состојба - и неподвижно, како да е мртов, стоел околу половина час, Бојс влегол во кадата наполнета со вода и се полевал со неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хиератички, ритуални кај него не се суштествата, туку формите, кои ја сугерираат сетилноста, јаснотијата и поврзаноста со среќните кукли, кои се појавуваат во неговиот свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во Anemic-cinema, дефиницијата ја сугерираат ортографијата и претопувањето на тоновите во звучна целина, но, филмот сепак останува беззвучен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Енценсбергеровиот урамнотежен резон ни делува како инверзивно ехо на онаа инцестуозна дијалектика на доброто и злото, која веќе одамна е докрајчена во заемна рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби излезот е, додаваме, на некоја трета страна, која парадигматично ја сугерираше Адорно: „Осаменоста е единствен начин на кој интелектуалецот може да го зачува своето достоинство“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но таа, поддржана, аргументирана од дијалектичкиот материјализам, ја сугерира идејата на Провидението. Излезот. Спасението.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Метафора настанува во соодносот меѓу далечните нешта кои ја сугерираат смислата без да ја променат супстанцата на тие нешта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најнапред ќе го забележиме нивото на вистинитоста што ни ја сугерира тој јазик а потем нивото на фантастиката, на легендата, на она што е суштински нестварно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)