ја (зам.) - токми (гл.)

Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во такви касели порано невестите ја токмеле својата руба, ги има во секоја наша куќа, но сега веќе се излезени од модата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ко кутивче ја токми устата Левтерија, гласот мислиш, двапати ѝ се повторува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ја токмеше за пат, Боге забележа дека освен бензин нема ни масло, а инаку колата беше токму, тапацирот на седиштата беше на место: фино некое друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)