ја (зам.) - трие (гл.)

- Ја откопча. Со наводенетата крпа ја трие по плеќи, по гради, под мишки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ПОЦКО: (Ја зема парата.) Ај, да си ми жив куме! (Ја трие брадата со парата.) Аирлија, сефте! Ај, златен адет, златна пара, златен кум! Еј, бре-е-е!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Ајде, куме, Давадосе, да се бациме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пред да се врати, Змејко зеде една грутка снег и долго ја триеше меѓу дланките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето, гледајќи ја, шепотеа: „Навистина жената била како босиљок - што повеќе ја триеш, повеќе мириса...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
понатаму од трските и шеварот гледаше Висар, како жените, по умирањето на некој, ја вадеа сета постела на која спиел умрениот и сета покуќнина со која се служел, да ја мијат на езерото да ја тријат: веленце, мутав, постеќија, сазма, клашник, сакма, џубе, ресичка - удираа со пиралките на нив, фрлаа пепел и катранен сапун, луга и жива сода за да го извадат и очистат од нив и допирот и здивот од умрениот;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Стегни ги забите Леме и сонувај, рече сѐ така смеејќи се, не можејќи да не се смее и, како секогаш, почна муцката да си ја трие со рацете, да се премислува, да се одделува со мислите, да патува...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој уште се порева, ја трие главата и се обидува да ја истера тежината што го корне целиот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Спискаа луѓето, ја триеја по лицето и вратот, не помагаше ништо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го пофаќам, а после не знам како да си ја избришам раката. Ја тријам со лапајцата што се топи на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)