ја (зам.) - унапредува (гл.)

Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За асоцијациите на работниците и на работодавачите види повеќе во научно-истражувачката студија на д-р Здравко Савески, м-р Димитар Апасиев, Александар Ковачевски и Кире Василев: „Обезвреднување на трудот –  Анализа на трудово- правната легислатива во периодот на транзицијата“; Движење за социјална правда „Ленка“, Скопје, 2010; стр. 47-50.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
3.  Медијација е начин на решавање на спорови во кој страните спорниот однос настојуваат да го решат на мирен начин со помош 51 на еден или повеќе медијатори, кои на страните им помагаат да пос­ тигнат заедничко прифатливо решение; медијатор е физичко лице кое ја спроведува постапката за медијација согласно со начелата за медијација; постапка за медијација е посебен вид на постапка која по својот карактер е доброволна, ефикасна, брза и евтина страна во постапка за медијација е физичко или правно лице кое учествува во медијацијата и чија согласност е потребна за решавање на спорот и Комора на медијатори е организација на медијаторите која ја унапредува медијацијата и го организира работењето на медијаторите (чл. 2, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)