ја (зам.) - чешла (гл.)

Косичката веќе му ја чешла, завртува зад уши, а во ушите му провнала обетчиња од сребрени гровчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прилично замелушен, ѝ дозволи да ми го слече палтото, а таа веќе вади црн креон од чантата: - Вака ќе изгледаш позагадочно – ми ги продолжува веѓите, избелува образите, ми ја чешла косата зад уши: - До-бро! Сега, создавај атмосфера.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Реа сакаше да ја чешла - лесно, бавно, со часови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од друга страна, тие денови, Алиса сакаше да оди на фризер да ѝ ја чешлаат свежо позлатената коса.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се будам, ја чешлам земјата во градината, преместувам камења... Или суфист.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А саканата моја во собата своја заклучена и натаму си ја чешлаше косата низгрбно, и ја врзуваше во опашка, со истата врвка со која во третиот чин Николај Дмитриевич ќе ја задави продавачката Љашченкова.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ја облекуваше, ја соблекуваше, ја капеше, ја чешлаше. Што ли не правеше со неа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Имаше куса коса извиткана во ситни јазли, не мораше да ја чешла, ниту пак ја чешлаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А, и кој ќе ѝ ги пази децата, кој ќе смени пелена на татко ти, кој ќе ја чешла мајка ти?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го китеше на Велигден со разни китки од предено; му сплете и убави шарени калци; му ја навеза ќурдијата; му ја чешлаше дури и косата претставувајќи си го секогаш своето братче Ѓелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- За нас жителите од езерово најголема чест е да не проголта кралот Вок и да не претвори во опашка од златна риба со која си ја чешла косата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)